Бајден вети дека САД нема ќе го напуштат Блискиот исток за „други земји“ да не го пополнат вакуумот

Американскиот претседател Џо Бајден изјави во саботата на Арапскиот самит дека САД ќе останат цврсто доследни во поддршката на своите сојузници на Блискиот исток и дека „не одиме никаде“, додека лобираше за воспоставување регионален воен сојуз на арапските сунитски земји кои би го вклучувал и Израел.

Бајден, кој ја започна својата прва посета на Блискиот исток во својство на американски претседател со посетата на Израел, ја претстави својата визија и стратегија за ангажманот на САД во регионот. Покрај тоа, сакаше да го искористи самитот во Џеда да го вклучи Израел како дел од нов воен пакт меѓу арапските сунитски земји и еврејската држава против шиитски Иран.

Бајден се насочи на планираниот самит со шесте земји од Персискиот залив, како и Египет, Јордан и Ирак, додека го минимизираше значењето на средбата со саудискиот престолонаследник принцот Мохамед бин Салман. Средбата со принцот беше потег кој бише критикуван во САД поради кршењето на човековите права во Саудиска Арабија, чиј престолонаследник не ја пропушти можноста на американскиот претседател да му возврати дека и САД „правеа грешки“, како на пример во Ирак и во Авганистан.

Во говорот во Џеда, на самитот на шесте земји за соработка во Персискиот залив (Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Оман, Кувајт и Бахреин) со учество на Египет, Јордан и Ирак, Бајден рече дека САД нема да му го свртат грбот на Блискиот исток и да остават „празнина којашто би можело да ја пополнат Кина, Русија или Иран“.

„Дозволите да заклучам така што сето тоа ќе го сублимирам во една реченица. САД вложуваат во градење позитивна иднина во регионот, во партнерство со сите вас, и САД не одат никаде“, рече Бајден.

Бајден во Џеда се сретна и со египетскиот претседател Андел Фатах а-Сиси. Неговиот кабинет објави дека двајцата челници разговарале за прехранбената криза и проблемите со врска со резервите на енергенси. Но Египет нема големи проблеми, поради тоа што одржува добри односи со Русија, и не ѝ воведе санкции како што инсистираше ткн колективен Запад.

Во односите меѓу Египет и САД во првите месеци од администрацијата на Бајден имаше многу несогласувања поради различните погледи на прашањето за човекови права, во прв ред на исламистите кои ја имаа власта во ткн Арапска пролет поддржана од Западот со која беше соборен децениската власт во Каиро, а на власт дојдоа радикалните исламисти кои подоцна ги собори токму генералот ал-Сиси, кој беше челник на влијателниот Совет на египетската армија. Но потоа Египет беше вклучен во напорите за постигнување прекин на огнот во Појасот Газа во мај 2021 година, што беше најкрвавиот судир дотогаш во Израел и Палестинците, по што дојде до подобрување на односите меѓу Вашингтон и Каиро.

Висок функционер од американската администрација изјавил за Reuters дека Бајден ќе најави дека Бајден ќе издвојат милијарда долари претстојните години и долгорочна помош по прашањето на прехранбената безбедност за Блискиот исток и за Северна Африка. Земјите од Заливот би требало да придонесат со три милијарди долари во следните две години во проекти усогласени со американското партнерство во глобалната инфраструктура и инвестиции, што треба да се спротистави на кинеската планетарна инфраструктурен проект „Еден појас, еден пат“.