
Женскиот оргазам е глобална мистерија. Мажот никогаш не е 100 отсто сигурен дека неговата партнерка постигнала оргазам, ниту пак постои техника со која се гарантира дека тој ќе се постигне. Но, едно е сигурно, кога жената нема да постигне огразам, тоа е голем удар за машкото его.
Мажите кои не се себични, се грижат партнерката да постигне оргазам, што е за пофалба, но голем број од мажите не можат да сфатат дека жените можат да уживаат во сексот без да го достигнат врвот.
Истражувањата покажале дека само една четвртина од жените редовно постигнуваат оргазам во текот на сексуалниот однос. На жените им е потребно многу повеќе од пенетрација на пенисот во траење од пет минути.
А што треба да прават жените?
За да им се олесни на мажите, многу жени по пат на анкета на страницата askmen.com, дале одговор на прашањето што им е потребно за да постигнат оргазам.
Најпопуларниот одговор кој го дале дури 59,88 отсто од жените, а воедно и она што е најтешко да се постигне е деликатна стимулација на клиторисот со истовремена пенетрација.
Потоа, 18,05 отсто од жените изјавиле дека никогаш не доживеале оргазам. Од нив 7,7 отсто изјавиле дека за оргазам им е потребен и вибратор, а на 7,04 отсто им е потребно да размислуваат за нешто што го сметаат дека е секси.
Вештината која би требало секој маж да ја знае во кревет е правилната стимулација на клиторисот. А, што е правилно, многу се прашуваат. Секоја жена има различно барање, а единствен начин да го откриете тоа што и одговара е заедно да дојдете до тоа сознание. Пред да ја усовршите стимулацијата на клиторисот во текот на пенетрација, подобро е да се посветите на нејзиниот клиторис за време на орален секс или стимулација со рака.
Експертите советуваат дека најдобрите пози за стимулација на клиторисот е кога жената е над мажот, како и кога мажот е позади жената.