Двајца повредени во сообраќајна несреќа во Скопје

На 17.07.2022 во 22.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Јустинијан Први“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од Ф.Ш.(19) од с.Студеничани, скопско и патничко возило „сузуки“, управувано од Г.Т.(44) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Г.Т., а со телесни повреди се здобил Ф.Ш., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.