-Ова се трите патишта кои го опкружуваат Беровското Езеро, најубавиот дел од истоимениот град. Патот од лево води до сè уште неотворениот граничен премин „Клепало“ со Бугарија, а од десна страна до руинираното и запуштено од државата детско одморалиште „Малешево“. Патот во средина, пак, води директно кон Беровското Езеро. Од раскопаната земја на самиот почеток почнува градежната парцела на која мајката на потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев, партнерски ќе гради хотел, објави „A1он“.
Станува збор за две катастарски парцели со вкупна површина од 7.578 квадратни метри кои се купени од неодамна починатиот Владимир Богоев, татко на потпретседателот на СДСМ и актуелен директор на Центарот за истражување и анализа на партијата, Стефан Богоев и Мирјана Павлова од градежната компанија „Каса инженеринг“. Тие ја стекнале сопственоста на 7 октомври 2021 година. Според купопродажниот договор во кој имаше увид „А1он“, парцелите се купени за сума 50.000 илјади евра, а данокот кој е платен на општината изнесува 181.758 илјади денари или околу 3.000 евра.
Математички, ако купопродажната цена се подели со бројот на квадрати, излегува дека метар квадратен е купен за шест и пол евра или 409 денари, што е прилично ниска сума за оваа атрактивна локација која според ДУП е со намена Б5, односно изградба на хотел.
Целиот текст на „А1он“ може да се прочита тука.