Путин: Западот не може да ја изолира Русија, ниту да ја врати во минатото

Рускиот претседател Владимир Путин оцени во петокот дека е невозможно Русија да биде отсечена од остатокот на светот како што сака Западот, како и дека антуруските западни санкции „нема да ја вратат стрелката на часовникот наназад“, кога станува збор за развојот на Русија.

Откако Русија на 24-ти февруари ја започна она што го нарекува изнудена превентивна „специјална воена операција“ во Украина, ткн колективен Запад предводен од САД ѝ воведоа сеопфатни санкции без преседан, чијашто цел е да се изолира Москва од глобалната економија и да биде уништена нејзината.

Според тврдењата на Западот, Русија е погодена од ускратување на пристапот до разни стоки, меѓу другото до електрониката, полупроводниците и делови за производство на авиони. Сепак, добар дел од светот, вклучително и многу сојузници на САД не се приклучија на санкциите. Од друга страна, пак, недостигот од санкционираните руските енергенси и стравот од запирање на испораките, предизвика рекордни нивоа на инфлација по повеќе децении во Европа и САД.

„Не станува само збор за рестрикциите и санкциите, туку против нашата земја намерно се користи и речиси целосно оневозможување на пристапот до високотехнолошки странски производи“, изјави претседателот Путин обраќајќи се преку видеоконференциска врска на членовите на владата.

„Јасно е дека ова е голем предизвик за нашата земја, но ние нема да се откажеме, ниту ќе дозволиме да се случи општ распад, како што ни предвидуваат ‘добронамерниците’. И нема да се вратиме повеќе децении наназад, сигурно нема. Туку ќе бараме ефикасни нови решенија“, додаде Путин.

Порача дека Русија ќе мора да развива сопствена домашна технологија, како и да помага технолошки компании, како и дека некои проекти особено во областа на микроелектрониката треба целосно да бидат рестартирани.

Министерот за финансии Антон Силванов рече дека приоритет преставува давањето поддршка за рускиот технолошкиот сектор, но и дека секоја рубља од државната поддршка треба да биде проследена со најмалку три рубљи приватни вложувања.

Путин му наложи на премиерот Михаил Мишустин да назначи вицепремиер кој ќе биде одговорен за секоја област, а лично да ја преземе реализацијата на високотехнолошките решенија.