Националната гарда на Њујорк ќе обучува украински војници во Германија

Националната гарда на американската сојузна држава Њујорк објави дека испраќа во Германија 140 свои припадници, каде што ќе ги обучуваат украинските војници.

Според објавата, њујоршката Национална гарда во септември ќе ги замени 160-те припадници на Националната гарда на Флорида.

„Сто и четириесет војници на копнените сили на Националната гарда на Њујорк…. на 15-ти јули се поздравија со своите семејства и заминаа во прекоманда во Германија за да помогнат во обуката на припадниците на украинските вооружени сили“, се наведува во соопштението за јавноста.

Пред да заминат за Германија, њујоршките гардисти и самите ќе минат обука во базата Форт Блис во сојузната држава Тексас.

Инаку Националната гарда на државата Њујорк веќе беше вклучена во обука на украинската војска во полигоните во регионот Л’вов на украинскиот запад, но ја напуштија Украина во февруари пред почетокот на настапувањето на руските трупи од насока на југоисточната област Донбас.