Азиските берзи го следат падот во Њујорк, доларот слабее а цените на нафтата паднаа

На азиските берзи во вторникот цените на акциите паднаа, следејќи го падот на њујоршки Волстрит на почетокот од седмицата, бидејќи вложувачите не се наклонети на поризични инвестиции пред натамошното зголемување на клучните каматни стапки на централните банки.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во 7 часот во вторникот утрото по македонско време беше во минус од 0,7 отсто, откако во понеделникот скокна за 1,8 проценти.

Притоа, на Токиската берза индексот Nikkei зајакна за 07 отсто, додека цените на акциите на берзите во Шангај, Јужна Кореја, Австралија и Хонгконг паднаа за меѓу 0,3 и 1,1 отсто.

Азиските вложувачи не се наклонети на ризици, бидејќи националните централни банки и во регионот и во светот поради високата инфлација најавуваат агресивно зголемување на клучните каматни стапки.

Од утринава објавениот записник од неодамна одржаната седница на австралиската централна банка Reserve Bank of Australia (RBA), видливо дек дека наскоро таа дополнително ќе ги зголеми каматите, откако неодамна веќе ги подигна за 0,50-процентни поени.

Во четврток, пак, ќе заседаваат челниците на Европската централна банка (ECB), коишто го најавија првото зголемување на каматните стапки по 2011 година, за 0,25-проценти поени.

Истиот ден ќе се одржи и седница на челниците на јапонската централна банка Bank of Japan (BoJ), но од нив не се очекува заострување на монетарната политика, имајќи предвид дека јапонската економија е слаба, но дека инфлацијата не е преголема.

Со тоа азиските пазари го следеа вчерашниот пад на њујоршки Волстрит, каде трите водечки индекса на почетокот бележеа раст, но потоа се лизнаа во негативната област. Ентузијазмот од крајот на минатата седмица спласна, откако стана јасно дека поради високата инфлација американската централна банка Federal Reserve (Fed) ќе мора агресивно да ги зголеми клучните камати на јулската седница, можеби не за цел процентен поен, но речиси сигурно за 0,75-процентни поени.

 

Доларот падна, паднаа и цените на нафтата

На валутниот пазар, пак, во вторникот претпладнето вредноста на американскиот долар во однос на кошницата на другите валути падна втор ден со ред, дополнително лизнувајќи се од нависоките нивоа во последните 20 години, остварени минатата седмица.

Индексот на доларот, која ја изразува вредноста на американската валута во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 107,.50 поени, додеа во истиот период од тргувањето вчера изнесуваше 107,78 поени

Притоа, курсот на доларот во однос на јапонската валута се намали од вчерашните 138,35 на 137,95 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0135 долари, додека во понеделникот во истиот период од денот изнесуваше 1,0105 долари.

Цените на нафтата, пак, утрово благо паднаа, откако во понеделникот скокнаа за 5 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар се лизна за 0,39 отсто, на 105,85 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,19 отсто, на 102,40 долари.