На 18.07.2022 во 07.50 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани, мопед „томос“, со штипски регистарски ознаки, управуван од С.А.(74) од Кочани, удрил во запрено товарно возило „фолксваген кеди“, со скопски регистарски ознаки, паркирано од К.С.(27) од Кочани.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од мопедот С.А.(74) од Кочани, а со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во ЈЗУ Кочани, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.