Русија во ОН претстави податоци за злосторства на украинската војска против цивили и деца

Донецк, март 2022

Само на територијата на самопрогласената проруска Народна Република Доњецк на истокот на Украина последните неколку месеци во нападите на украинската војска убиени се 249 цивили, од кои 16 се деца, а ранети се 1.493 лица од кои се 83 се деца, изјави ноќта кон средата првиот заменик на рускиот амбасадор во Обединетите нации, Дмитриј Полјански на заседание на Советот за безбедност при светската организација.

Рускиот високорангиран дипломат приложувајќи материјал истакнал дека разните украински вооружени формации ја гранатираат цивилната инфраструктура во одметнатата индустриска област Донбас, особено целејќи детски градинки, училишта и медицински институции со цел да се исплаши тамошното население и да се натера во бегство.

Притоа ги обвини западните земји членки на НАТО за доставување на оружјата со коишто властите во Киев ги изведуваат таквите злосторства, пренесува агенцијата РИА.

„Се убиваат деца, вклучително и со оружјето коешто го испорачуваат САД, Велика Британија, Германија, Франција, Чешка, Словачка, Холандија и други земји, кои стануваат соучесници во воените злосторства против децата“, рекол Полјански.

Рускиот дипломат во изложувањето во Советот за безбедност при ОН ги навел прецизираните податоците за седмицата од 8-ми до 14-ти јули, и конкретните називи и адреси на образовните институции во повеќе градови и места во Донбас кои биле цели на украински артилериски и ракетни напади.

На 12-ти јули, како што истакнал во продолжение Полјански, украинската војска ја погодиле и детска градинка во Горловка, сиропиталиште во Макеевка, центар за примарна здравствена заштита во Доњецк.

„На 13-ти јули беше гранатирана клиничката психоневролошка болница во Доњецк, на 14-ти јули беше погоден училиштето бр.45 во Макеевка. Тоа е статистиката само за една седмица“, им истакнал Полјански на колегите дипломати во Советот за безбедност при ОН.

За само претходно споменатите седум дена, додал рускиот дипломат, во украинските гранатирање биле оштетени со различен степен вкупно 72 медицински и 238 образовни институции.