
На Волстрит берзанските индекси пораснаа и во средата, втор ден со ред, благодарејќи на подобрите од очекуваното квартални деловни резултати на неколку компании.
Индексот Dow Jones зајакна за 47 поени или за 0,15 отсто на 31.874 поени, S&P 500 се зголеми за 0,59 проценти на 3.959 поени, а индексот Nasdaq скокна за 1,58 отсто, а 11.897 индексни поени.
А на европските берзи цените на акциите вчера падна, Така, лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,44 отсто на 7.264 поени, франкфуртскот DAX се лизна за 0,20 проценти на 13.281 поен, а парискиот индекс CAC падна за 0,27 отсто на 6.184 индексни поени.
Растот на индексите на њујоршката берза втор последователен ден го поттикна првично добриот деловен резултат во второто годинешно тримесечја на „Netflix“. Оваа компанија за стриминг видео услуги забележала помал пад на бројот на претплатниците отколку што се предвидуваше и прогнозираше раст на тој број во тековното тримесечје.
Растот на цените на акциите на „Netflix“ ги поттикна растот на целокупниот технолошки сектор, па индексот Nasdaq, којшто е полн со таквите акции, најмногу и порасна.
И повеќето други компании известија за поголеми заработки отколку што се очекуваше.
Во анкетата на Reuters аналитичарите проценуваа дека компаниите од составот на S&P 500 индексот во вториот годинешен квартал оствариле 5,9 отсто поголема добивка, отколку во истиот минатогодишен период.
Меѓутоа, тргувањето на Волстрит во средата мина несигурно, бидејќи поради високата инфлација американската централна банка Federal Reserve (Fed) до крајот на јули повторно агресивно ќе ги зголеми клучните каматни стапки, најверојатно за 0,75-процентни поени.
„Цените на акциите се движат како на ‘ролеркостер’ додека се на милост и немилост на инфлацијата, каматните стапки и заработките. Ќе мора да причекаме уште една серија макроекономски показатели која ќе покаже дали инфлацијата е или не е под контрола“, вели за Reuters Тери Сандвен, стратег во компанијата „U.S. Bank Wealth Management“.