Кремљ ги отфрла шпекулациите за здравјето на Путин

Здравствената состојба на рускиот претседател Владимир Путин е добри, изјави во четвртокот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков одговарајќи на барање на новинарите да ги коментира објавите во странските медиуми за наводни здравствени проблеми на рускиот челник.

„Добро, сѐ е во ред со неговото здравје. Знаете, дека и двајцата украински специјалисти за информации во наводници, и американските и британските, последните месеци нафрлуваат разни новинарски патки за состојбата со здравјето на претседателот“. Тоа не се ништо друго освен патки. За тоа зборуваме“, истакнал Песков кого го цитираат светските агенции.

Ден претходно Путин се закашла во текот на форумот на Агенцијата за стратешки иницијативи. Објасни дека  малку настинал во текот на посетата на иранската престолнина Техеран во вторникот.

„Во Техеран вчера беше многу топло, плус 38 (Целзиусови степени), а клима уредот таму беше многу силен. Се извинувам поради ова“, рече Путин.

Интензивните шпекулации и следењето на здравјето на Путин преку фотографии и снимки, главно продуцирано во британските медиуми со јасна заднина на британското разузнавање, почна непосредно по почетокот на војната во Украина, и притоа му беа „дијагностицирани“ низа смртоносни болести. Дури имаше информации и дека е убиен или починал и дека го заменува двојник.

Беше коментирано неговото седење на долги маси со странските и руските функционери, анализирано неговото одење….

А во средата директорот на американската Централна разузнавачка агенција (CIA), Вилијам Барнс, говорејќи на безбедносен форум во Аспен, исто така, таквите написи ги нарече шпекулации. Притоа додаде дека според неформалните процени на неговата разузнавачка служба Путин „изгледа и повеќе од здрав“.