Кварталните извештаи на компаниите го одржуваа растот на Волстрит

Берзанските индекси на Волстрит пораснаа во четвртокот трет ден со ред, бидејќи кварталните деловни резултати на повеќето компании се подобри отколку што се очекуваше,

Индексот Dow Jones зајакна за 162 поени или за 0,51 отсто на 32.036 поени, S&P 500 за 0,99 отсто на 3.998 поени, a Nasdaq за 1,36 отсто на 12.059 индексни поени.

Индексот S&P 500 го достигна вчера највисокото ниво од 9-ти јуни, благодарејќи на подобрите од очекуваните деловни резултати на неколку компании од неговиот состав.

Меѓу најголемите добитници беше акцијата на „Tesla“, со раст на цената од речиси 10 отсто, бидејќи овој произведувач на електрични автомобили остварил поголема добивка од очекуваната.

Тоа го поттикна целиот технолошки сектор, па индексот Nasdaq, кој е полн со вакви акции, најмногу порасна. Притоа цените на акциите на „Amazon“ и „Apple“, компании кои резултатите ќе ги објават следната седмица, пораснаа за 1,5 отсто.

„Сликата на заработките е нешто подобра отколку што стравуваа вложувачите. Се чини дека цените на акциите можеби премногу паднаа, особено во технолошкиот сектор, па можеби постојат некои можности за купувања“, вели за Reuters Џеј Брајант Ивенс, портфељ менаџер во компанијата „Cozad Asset Management“.

Од повеќе од 90 компании од составот на S&P 500 индексот кои досега ги објавија извештаите, 78 отсто од нив оствариле поголем заработка од очекуваното. Во анкетата на Reuters аналитичарите очекуваат дека компаниите од составот на овој индекс во второто тримесечје оствариле околу 6 отсто поголема добивка отколку во истиот лански период.

Меѓутоа, на макроекономскиот план ситуацијата помалку се влошува. Вчера беше објавено дека минатата седмица бројот на првите барања за помош на невработените пораснал за 251.000 лица, највисокото ниво во последните осум месеци.

Се очекува дополнително забавување на растот на американската економија, бидејќи централната банка Federal Reserve (Fed), поради високата инфлација, овој месец повторно агресивно ќе ги зголеми клучните каматни стапки, веројатно за 0,75-процентни поени.

А на европските берзи во четвртокот се тргуваше претпазливо, бидејќи Европската централна банка (ECB) ги зголеми клучните каматни стапки, првпат од 2011 година и тоа а 0,50-процентни поени, повеќе отколку што се очекуваше.

Така, каматите за рефинансирање на банките се подигнати за 0,5 отсто, каматите на прекуноќните позајмици на банките на 0,75 отсто, а каматите за депозитите за 0 отсто.

Поради тоа лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,09 отсто на 7.270 поени, парискиот CAC за 0,27 отсто на 6.201 поен, а франкфуртскиот DAX индекс, пак, се лизна за 0,27 отсто, на 13.246 индексни поени.