САД очекуваат пратка вештачко ѓубриво од Русија

Танкер со пратка вештачко ѓубриво од Русија наскоро ќе пристигне во САД, велат извори на агенцијата Reuters а потврдиле податоци за движење на бродовите изминатите денови, што ги одразува настојувањата на Вашингтон да го ублажи недостигот од земјоделски препарати и да ги заузда растечките цени.

Танкерот „Johnny Ranger“ кој плови под знамето на Либерија би требало во понеделник ва вплови во Њу Ореланс со околу 39.000 тони раствор уреа амониум нитрат, ѓубриво произведено со комбинација на уреа, азотна киселина и амонијак, според изворите и податоците на „Refinitiv Eikon“.

Ѓубривото е втоварено на бродот во руската северна метропола Санкт Петерсбург, според истиот извор.

Поединостите за продавачот и купувачот засега не се достапни, Американското министерство за финансии, царинската и управата за заштита на границите не сакале за Reuters д ја коментираат оваа информација.

Портпарол на американскиот Стејт департментот истакнал дека САД не ја санкционирале храната, ниту земјоделските добра од Русија.

„За разлика од руската влада, не ние во интерес да ја користиме храната како оружје а да создадеме хуманитарна криза којашто би го погодила ранливото население“, толкувал портпаролот кој не објаснива зошто тогаш САД вршат притисоци и воведуваат казни и санкции за другите земји кои не се придржуваат на западните антируски санкции.

Меѓутоа, со оваа цел претходно на 15-ти јули американското министерство за финансии ублажи дел од санкциите против Русија наметнати поради војната во Украина, дозволувајќи трансакции со руски ентитети во врска со набавки на храна, ѓубрива, семиња, лекови и медицинска опрема, според документот објавен на интернет страницата на министерството. Изземањето, исто така, се однесува и на превенцијата, дијагностицирање или третман на Covid-19, вклучително и спроведување неопходни медицински истражувања и тековни клинички испитувања, се наведува во одобрувањето.

Се појаснува дека станува збор за прехранбени производи за луѓе и животни, минерални и органски ѓубрива, семиња за сеидба, репродуктивни материјали за сточарство, лекови и медицинска опрема.

Покрај тоа, САД привремено дозволуваат операции со поранешната филијала на рускиот гасен гигант „Газпром“, германската компанија „Gazprom Germania GmbH“. Со тоа, изведувањето трансакции со „SEFE Securing Energy for Europe GmbH“ ќе биде овозможено до 16-ти декември 2022 година. Вашингтон, исто така, ги суспендира санкциите за филијалата на санкционираната руска „Алфа Банка во Казахстан, односно банката „JSC Alfa Ban“.

Претходно седмицава и американската Комисија за меѓународна трговија на САД ги отповика високите антидампиншки и антисубвенциски царини врз ура амониумовиот нитрат од Русија за да го ублажи недостигот од продуктите и да влијае врз остриот раст на цените во САД, потсетува Reuters.

Русија е голем извозник на земјоделски ѓубрива, клучни за високи приносите од пченката, сојата, оризот и пченицата. Американските земјоделци го намалија нивното користење поради високите цени и го намалија површините кои планираат да го обработуваат. Минатата 2021 година САД од Русија го увезле ѓубривото уреа амониумов нитрат во вредност од 262,6 милиони долари, според министерството за трговија.

Руските житарки и вештачките земјоделски ѓубрива директно не беа опфатени со американските санкции, но Русија, по Украина, е вториот најголем светски производител на житарки, не може да го извезува своето производство и вештачкото ѓубриво што е неопходно за земјоделското производство во многу земји во светот, поради западните санкции воведени за финансискиот и логистичкиот сектор, како и забраната за осигурување на бродските товари од Русија. Но западните банки и трговците не сакаа да тргуваат со руските стоки наводно плашејќи се да не ги прекршат санкциите, имајќи предвид дека често се менуваат.