
Американските здравствени власти соопштија во петокот дека биле потврдени првите случаи на зараза со мајмунски сипаници кај деца.
Заразено е дете во сојузната држава Калифорнија и доенче коешто не е американски државјанин. Овие два случаи не се поврзани и веројатно се резултат на пренос на заразата во домаќинството, се наведува во соопштението на американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (CDС). Децата се чувствуваат добро, се додава во објавата.
Мајмунските сипаници, коишто предизвикуваат симптоми на грипот и осип на кожата, главно се шират со близок контакт и при допир со телесни течности на заразено лице. Потврдени се повеќе од 14.000 случаи на зараза со мајмунски сипаници во 71 земја од светот, со пет смртни случаи во Африка во чиишто западни земји досега болеста беше ендемска и не се ширеше надвор од нив, а особено не на други континенти.
Лекарката Џенифер Мекквистон, заменичка на шефот на одделот за патологија и патогени со тешки последици при CDC, изјави во текот на конференциско јавување дека не е изненадувачки тоа што појавиле педијатриски случаи на мајмунски сипаници, но дека „до денес нема докази дека овој вирус се проширил надвор од задниците на хомосексуалците, бисексуалците и другите мажи коишто имаа сексуални односи со мажи“.
Мекквистон рече и дека 99 отсто од 2.891 случаи на зараза со мајмунски сипаници потврдени во САД се однесуваат на мажи кои имаат сексуални односи со мажи, додавајќи дека се заразиле и неколку жени и трансродови мажи.
Координаторот за одговор на Covid-19 при Белата куќа, лекарот Ашиш Кумар Џа, во истиот конференциски повик, рекол дека владата испорачала 300.000 дози од вакцината која се препишува и за мајмунските сипаници и се работи на тоа да се забрза испораката на уште 786.000 дози од Данска.
Џа рече дека САД сѐ уште проценуваат дали треба избувнувањето на мајмунските сипаници треба да бидат прогласено за јавноздравствена криза.
„Го набљудуваме тоа, ги разгледуваме начините на коишто одговорот (на мајмунските сипаници) би можело да биде подобрен, ако ништо друго – со прогласување вонредна состојба во јавното здравство“ додаде Кумар Џа.