Доверливи документи за Г7 најдени во кантата за ѓубре на германскиот канцелар Шолц

Соседите на германскиот канцелар Олаф Шолц и неговата сопруга Брита Ернск пронашле доверливи документи во корпата за отпадоци кои содржеле тајни информации за неодамнешниот самит на седумте индустриски најразвиен земји на светот групата Г7, објави списанието Der Spiegel.

На самитот од 26-ти до 28-ми јуни во Баварските Алпи присуствуваа американскиот претседател Џо Бајден, домаќинот германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Борис Џонсон, јапонскиот премиер Фумио Кишида, италијанскиот премиер Марио Драги и канадскиот премиер Џастин Трудо, со сопругите, а во работните сесии се приклучија и челниците не ЕУ, Шарл Мишел и Урсула фон дер Лејен.

Според информациите до коишто дошол весникот, Ернст, како министерка за образование во сојузната покраина Брандебнург, покрај нацрти и други хартии поврзани со нејзините работни обврски, во ѓубрето фрлила и меморандум со доверливи информации за личните карактеристики и навико на челниците на земјите од Г7 и нивните сопруги. На пример, наведува весникот, во извештајот било наведено дека сопругата на италијанскиот премиер, сега во оставка, Марио Драги, ја избегнува јавноста….

Овој документ, кој го составил германското министерство за надворешни работи, бил класифициран како „таен – само за службена употреба“, така што сопругата на канцеларот Шолц немала право да располага, да го фрли а да не го уништи на соодветен начин, додава весникот

„При постапувањето со доверливи документи важат строги правила (…) Доколку постои ознака за службена употреба на документот мора да биде уништен така што содржината нема да биде препознатлива и нема да може да се обнови“, се наведува во написот на Der Spiegel.

Весникот побарал коментар од канцеларот и од неговата сопруга за овој инцидент, но не одговориле ниту од кабинетот на Шолц, ниту од министерството за образование на Бранденбург.

Ова е втора голема афера во кус период поврзана со канцеларот Олаф Шолц.

На почетокот од јули германските медиум и објавија дека најмалку жени кои учествувале на забава која ја организирала Социјалдемократска партија на Германија (SPD), на којашто присуствувал и канцеларот Олаф Шолц заедно со пратеници и партиски членови, биле дрогирани со супстанција позната како „дрога за силување“.

Берлинската полиција дека истражува случај на тешки телесни повреди, откако 21-годишна жена, исто така, учесничка на прославата каде консумирала храна и безалкохолен пијалак одеднаш почувствувала општа слабост и вртоглавица, а следниот ден откако не можела да се сети на ништо друго била на преглед во болница и поднела пријава. Потврдени се најмалку четири слични случаи.