Светската здравствена организација(СЗО) прогласи највисока тревога поради епидемијата на мајмунски сипаници. Епидемијата брзо се проширила низ светот и СЗО одлучи дека ова навистина е меѓународна опасност.
Досега имаше пет смртни случаи како резултат на епидемијата.
„Сега се пријавени повеќе од 16.000 случаи од 75 земји“, изјави генералниот директор на СЗО, д-р Тедрос Аданом Гебрејесус.
Тој објасни дека комитетот за итни случаи не можел да постигне консензус за тоа дали појавата на мајмунски сипаници треба да се класифицира како здравствена вонредна состојба во целиот свет. Мајмунските сипаници првпат се откриени во централна Африка во 1950-тите.
Почетните симптоми вклучуваат висока температура, отечени лимфни јазли и меурчиња, осип или лезии слични на сипаници – често на устата или на гениталиите во последните случаи. Инфекциите се обично благи. Мајмунски сипаници има и во земјите од регионот. Во Грција потврдени се вкупно 20 случаи на мајмунски сипаници заклучно со 21 јули.