Кокосово масло за здрав организам

Кокосовото масло е неодминлив продукт кога станува збор за здрава исхрана, како и за убавината на кожата и косата.

Што содржи и кои се предностите на кокосовото масло.
-Комбинацијата на масни киселини, кауреинска и каприлна, го прави да е исполнето со јаки антибактериски и антивирусни својства.
– Тоа содржи висок удел на средноланчани киселини, кои од системот за варење одат директно во црниот дроб па не го оптоваруваат и не бараат помош од ензими на панкреасот и се многу лесни за варење.
– Овие киселини исто така не се складираат во масното ткиво, што и тоа како ќе ве интересира ако внимавате на линијата, но и изгледот.
– Со користење на кокосовото масло во исхраната подобро се искористуваат важните витамини и минерали, а телото има чувство на ситост и не бара хрна богата со скроб и шеќер.
– Ги намалува притисокот и холестеролот и со самото тоа ризикот од кардиоваскуларни болести.
– Може да се искористи и за ублажување на болките во мускулите и зглобовите бидејќи има докажани противоспалителни дејства.