Од високите температури се запозапали депонијата во Штип

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов за МИА изјави дека причина за денешниот пожар на депонијата се високите температури, за разлика од пред неколку дена, кога непознат сторител на неа исфрлил индустриско масло, други лесно запаливи материјали и го искршил и видео надзорот.

– На депонијата се пожарникари со две цистерни со вода и багер. Од гаснењето со вода се издига чадот, додека со помош на багерот се потрупува со земја, вели Јорданов.

На Европскиот конгрес за офталмологија, аплауз за нашата студентка, која претстави РЕВОЛУЦИОНЕРНО откритие кое го враќа видот
Во рок од еден месец во три наврати беше актуелна штипската депонија, во првиот по претставка на граѓани инспектори од Државниот инспектор за животна средина направија увид и на комуналното претпријатие „Исар“ му беа дадени и рокови да ги отстрани пропустите. Во вториот, стануваше збор за намерно предизвикан пожар, а во третиот, денешен се самозапали од високите температури.

Иако, депонијата од градот Штип е оддалечена над десеттина километри, сепак граѓаните можат да го видат црниот чад, но и да чувствуваат смрдеа.