Израел ја предупредува Русија поради можна забрана за еврејска агенција за емиграција

Израелскиот премиер Јаир Лапид предупреди во неделата дека односите со Русија ќе бидат нарушени доколку московскиот суд наложи затворање на канцеларијата на Еврејската агенција за иселување „Сохнут“.

Како што соопшти кабинетот на шефот на израелската влада, Лапид разговарал за активностите на еврејската агенција „Сохнут“ во Русија, наведувајќи дека затворањето на канцеларијата би бил „сериозен настан“.

„Односите со Русија се важни за Израел, еврејската заедница во Русија е голема и важна и учествува во секој политички разговор со владата во Москва. Затворањето на канцелариите на агенцијата ќе преставува сериозен настан кој ќе влијае врз односите“, се наведува во објавата на кабинетот на Лапид.

Премиерот притоа наложил правна делегација да биде подготвена да отпатува во Москва. Оваа делегација следната седмица во руската престолнина треба да се насочи да влијае врз руските власти да ја повлечат одлуката, се додава.

Руското министерство за правосудство поднесе поплака против споменатата еврејска невладина организација пред Окружниот суд во Москва, а сослушувањето за овој случај е закажано за 28-ми јули.

Заминувањето на делегацијата за Москва беше најавено уште во четвртокот со цел да се разреши прашањето за продолжување на агенцијата „Сохнут“. Министерството за надворешни работи и израелската амбасада, како и московскиот огранок на „Сохнут“ одбиле да ги коментираат информациите.

Според руските медиуми, руските власти испратиле барања до агенцијата да ги прекине активностите во земјата поради прекршување на руските закони. Самата агенција негираше дека прекинала со своите активности. Министерството за правда објави на 11-ти јули дека направило проверка на документацијата на „Сохнут“ за периодот од 30-ти мај до 27-ми јуни годинава, но не ги објави резултатите од проверката.

„Правната процедура за затворање на еврејската агенција ‘Сохнут’ не поврзано со наводен одлив на мозоци, туку поради нарушување на руските закони“, изјави за новинарите претходно портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Имено претходно израелското министерство за интеграции изјави дека речиси 17.000 лица се иселиле од Русија во Израел само оваа година, што е двојно повеќе поголема бројка отколку минатата 2021 година. Од распадот на некогашниот Советски сојуз стотици илјади луѓе со еврејско потекло се отселија во Израел.

Некои медиуми во Израел, пак, забраната од страна на Москва ја гледаат, пак, како „казна“ за израелскиот став за војната во Украина. Израелската влада ја осуди руската воена интервенција во соседната земја, но Израел не ѝ воведе санкции на Русија и не му испраќа на Киев оружје. Таквата одлука секако е резултат на добрите односи кои Израел ги има со Русија, а особено поради тоа што Москва има големо влијание врз ситуацијата во соседна Сирија.

Претходникот на Јаир Лапид според коалицискиот договор, тогашниот израелски премиер Нафтали Бенет по барање на украинскиот претседател Владимир Зеленски, кој исто така има еврејско потекло, тајно по руската офанзива отпатува во Москва во обидот да посредува во решавањето на руско-украинската криза.

Израел е внимателен во поглед на односите со Русија, посебно поради соседна Сирија, каде што има воена моќ и никогаш таму испорачаните руски противоздушни системи не реагираа на израелските воздушни напади врз ирански цели.

Покрај тоа во Израел, живеат стотици илјади рускојазични мигранти од Русија, Украина и Молдавија кои се доселија по распадот на Советскиот сојуз. Исто така, води сметка за благосостојбата на еврејските заедници кои во Русија имаат своја автономна република а во Украина сепак останаа и покрај страувањата од неонацистите чија цел биле во Втората светска војна.