Штајнмаер: Украинската војна е „војна против европското единство“

Војната во Украина е воедно и војна и против европското единство, тврдеше во неделата германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер на чијашто контроверзна улога во украинската криза уште од 2014 година забелешки имаат и Киев и Москва.

„Војната на (рускиот претседател Владимир) Путин во Украина е и војна против европското единство. Не смееме да дозволиме да нѐ поделат, не смееме да го разориме големото дел на обединета Европа кои го започнавме со многу надежи. Таа војна не се однесува само на украинската територија, туку досегнува двојна, во заедничките темели на нашите вредности и нашиот мировен поредок“, изјавил Штанмаер во говорот во Падеборн, на западот на Германија.

Меѓутоа, продолжил германскиот претседател, „да се бранат тие вредности и да се биде нивен гарант“ воедно значи и да се биде подготвен „да се прифатат болни непријатности“ без подетално да објасни што мисли под тоа, забележува агенцијата AFP.

„Дали сме подготвени на тоа? Сите сме пред тоа прашање: денеска и во деновите, седмиците и месеците кои доаѓаат. Русија не останува на оспорување на гранците, не останува на заземањето на територијата на независната и суверената соседна земја, туку оди дотаму да ја оспорува украинската државност“, тврдел Штајнамер.

Социјалдемократот Штајнмајер го вршни вториот мандат како претседател на државата, а беше министер за надворешни работи во две влади на канцеларката Ангела Меркел. Беше еден од главните промотори на политиката „Промени преку трговија“ (Wandel durch Handel), концепт кој промовираше демократски реформи преку поблиски трговски односи со Русија.  Штајнмајер беше и еден од главните поддржувачи на гасоводот Северен тек 2 меѓу Русија и Германија. Откако беше поради тоа остро критикуван од Киев и понижувачки одбиен да ја посети украинската престолнина, Штајнмајер неодамна рече дека неговата политика на помирување кон Путин „била погрешна“.

Од Москва, пак, потсетуваат дека во февраури 2014 година по почетокот на протестите на киевски Мајдан поддржувани и финансирани од Западот, Франк-Валтер Штајмаер како тогашен шеф на германската дипломатија, заедно со тогашните француски Лорен Фабиус и полски колега Радослав Сикорски во Киев постигнаа како гаранти договор со тогашниот украински претседател Виктор Јанукович за уставни реформи и распишување вонредни избори пролетта истата година за запирање на немирите. Меѓутоа, веднаш следнот ден следеше превратот кога вооружени лица во маскирни униформи влегоа во Врховната Рада (парламентот на Украина) под закана со оружје ги избркаа пратениците на тогаш владејачката проруска Партија на регионите и всушност беше соборена тогашната легитимна украинска влада.