Азиските берзи паднаа на почетокот на седмицата, доларот благо ослабе а цените поевтини

На повеќето азиски берзи цените на акциите во понеделникот паднаа по растот минатата седмица, бидејќи вложувачите се претпазливи во пресрет на седницата на американската централна банка Federal Reserve (Fed) и извештајот за бруто домашниот производ (БДП) во САД.

Индексот МSCI на азиско-пацифичките акции без јапонските, околу 7 часот беше во минус од 0,4 отсто. Притоа на Токиската берза индексот Nikkei ослабе за 0,7 отсто, а за толку паднаа и цените на акциите во Шангај и Хонгконг. Во Австралија и Јужна Кореја, пак, бележеа раст меѓу 0,1 и 0,7 отсто.

Азиските вложувачи се претпазливи, бидејќи нема премногу причини за продолжување на растот на цените на акциите имајќи предвид дека поради високата инфлација централните банки ги подигнуваат каматните стапки, додека истовремено растот на националните економии забавува.

Седмицава во фокусот на вложувачите ќе биде седмицата на американски Fed. Имајќи предвид дека инфлацијата во САД се движи на највисоките нивоа во повеќе од 40 години, се очекува дека централната банка повторно агресивно ќе ги зголеми клучните каматни стапки, најверојатно за 0,75-процентни поени.

Седмицава, исто така, ќе бидат објавени и податоците за американскиот БДП во второто годинешно тримесечје. Се очекува благ раст на квартално ниво, но никој не би бил изненаден и доколку се покаже дека најголемата според обемот светска економија паднала на квартално ниво второ тримесечје со ред, што би значело дека економијата на САД е во рецесија.

Минатата седмица европските берзи значително пораснаа, благодарејќи на ублажувањето на стравовите од рецесија во Европа откако во четвртокот рускиот гас повторно почна да тече преку Северен тек 1, по десетдневниот прекин поради редовниот годишен ремонт.

Меѓутоа, и покрај тоа, енергетската криза и растот на каматните стапки поради високата инфлација би можело да ги турната европските национални економии во рецесија.

„Пазарите очигледно во цените ги вградија очекувањата за забавување на растот на економиите, но дали е вградена рецесијата? Би рекол дека не е, па во таа смисла не сум сигурен дека пазарот го допрел дното“, вели за Reuters Реј Етрил, директор во National Australia Bank.

 

Доларот благо ослабе, цените на нафтата паднаа

На валутните пазари, пак вредноста на американската валута во однос на кошницата други валути бележи благ пад. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 106,65 поени, додека во петокот вечерта изнесуваш 106,70 поени.

Притоа курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 136,10 на 136,20 јени.

Американската валута благо зајакна и во однос на европската, па цента на еврото се лизна од 1,0210 долари, додека во петокот вечерта изнесуваше 1,0215 долари.

Цените на нафтата, пак, бележат пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар се лизна за 0,62 отсто, на 102,55 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,76 долари, на 93,98 долари.