Научниците со генерации биле уверени дека човечкиот јазик може да препознае само четири основни вкуса: слатко, кисело, солено и горко, а потоа е откриен петтиот вкус, умами (што на јапонски значи „меснат“, „вкусен“). Умами вкусот потекнува од аминокиселината глутамин, а во мали количини го има во намирниците богати со протеини (месо, сирење, патлиџан и печурки).
Сега, меѓутоа, е идентификуван и „шестиот вкус“: мрсно.
Тим американски научнции отрки хемиски рецептор во јазикот кој ги препознава молекулните масти, при што нивната чувствителност варира од личност до личност.
Најновото откритие би можело да помогне да се објасни зоштко некои луѓе јадат мрсна храна – затоа што помалку се свесни за нејзиниот вкус додека ја јадат. Научнициите се надеваат дека ќе бидат во можност да го решат проблемот со дебелината, преку зголемување на чувствителноста кај луѓето на мастите во храната кои ја конзумираат.
Тим научници од Медицинскиот факултет на Универзитетот Вашингтон во Сент Луис откриле дека луѓето кои имаат повеќе рецетори CD36 подобро го детектираат присуството на масти во храната и дека варијациите на генот кои го произведуваат CD36 влијае на тоа дали тие ќе бидат повеќе или помалку чувствителни на пристувото на масти.
– Крајна цел е да разбереме како нашата перцепција на храна може да влијае на тоа која храна ќе ја јадеме и квалитетот на масти кои го конзумираме, рече професорот Нада Абумрад, водач на студијата.
– Откривме една можна причина кога станува збор за чувствителност на мрсно. Тоа што мораме да го утврдиме во иднина е дали нашата способност да детектираме масти во храната влијае на внесот на масти, што секако би влијаело на дебелината, додаде таа.
Истражувањето објавено во списанието „Journal of Lipid Research“ покажува дека лицата со половина помалку CD36, осум пати помалку се чувствителни на присуството на масти.
Се верува дека околу 29 отсто од луѓето имаат варијанта CD36 ген кој се доведува во врска со производстото на помали количини рецептори, што би можело да значи дека се помалку чувствителни на присуството на масти во храната и со самото тоа подложни на дебелина.
– Ако ги набљудуваме резултатите кај животните, исхраната богата со масти би предизвикала послабо производство на CD36 што, повторно би можело да го направи лицето помалку чувствително на масти.
– Врз основа на резултатите од истражувањето, може да се претпостави дека луѓето со зголемена телесна тежина произведуваат помалку протеин CD36. Според тоа, би било логично количината протеин кои го произведуваме може да се менува како основа на генетиката на одредената личност или храната која ја јаде, рече др. Јанина Пепино, една од авторите на студијата.