Најмалку 34 мртви во излетување на автобус од мост во Кенија

Најмалку 34 луѓе загинале во централна Кенија кога автобусот со кој се превезувале слетал од мостот и падна во речна долина, известуваат локалните медиуми во понеделникот.

Несреќата се случила во неделата вечерта по локално време во округот Тарака Нии, кога автобусот кој се движел кон пристанишниот град Момбаса излетал од мостот и падна во речната долина длабока 40 метри, пренесуваат дневните весници Daily Nation и Standard.

„Загинаа 14 жени, 18 мажи и две млади девојки, така што засега вкупно има 34 жртви. Спасивме 11 луѓе кои се згрижени во болница“, изјавил за кениската телевизија NTV Норберт Комора, гувернер на округот Такарака Нити.

Весниците пренесуваат дека Комора рекол дека прелиминарната истрага упатува на тоа дека можеби откажале сопирачките на автобусот, поради што возачот не успеал правилно да скршне на остар завој.

Националната управа за сообраќај и безбедност, кениски регулатор за сообраќај, наредил на сите автобуси кои припаѓаат на истата компанија „Modern Coast“ да го запрат сообраќајот додека не заврши истрагата за несреќата.

Податоците на државното биро за статистика покажуваат дека минатата 2021 година во Кенија во сообраќајни несреќи загинале 4.579 лица, 15 отсто повеќе отколку претходната година.