
Украинскиот претседател Владимир Зеленски, чијашто земја во изминатите децении водеше неколку ткн „гасни војни“ со Русија поради поткрадувањето на испораките на гасот за Европа, во понеделникот ноќта ја повика Европа на наводната „гасна војна што ја води Москва да одговори со проширување на санкциите“.
„Денеска слушнавме нови гасни закани за Европа. И покрај попуштањето во врска со турбината за Северен тек , Русија нема да го продолжи снабдувањето на европските земји како што со договорот се обврза“, изјави Зеленски во вообичаената ноќна видео-порака, коментирајќи ја најавата на руски „Газпром“ дека поради ремонт на уште една гасна турбина на гасоводот ќе ги намали испораките преку споменатиот гасовод.
Зеленски алудира на ставот на Русија којашто од јуни веќе двапати го намали обемот на своите испораки со образложение дека гасоводот не може да функционира со целосен капацитет без турбината којашто германски „Siemens“ ја испрати на ремонт во своите погони во Канада којашто одложуваше речиси цел месец да ја врати повикувајќи се на антируските санкции.
Берлин и Отава најпосле се договорија за враќање на опремата во Русија минатата седмица, а „Siemens“ дури во неделата ноќта на „Газпром“ му ја испрати неопходната документација.
„Ова е отворена гасна војна која Русија ја води против обединета Европа. Не им е грижа што ќе биде со луѓето, како ќе патат од глад поради блокада на пристаништата, до смрзнување на зимата, сиромаштијата… и окупациите. Тоа се само различни видови терор“, рече Зеленски без да појасни како Русија може да влијае врз осиромашувањето на Европа.
„Затоа мора да одговорите. Не размислувајте за тоа како ќе ја вратите турбината, туку проширете ги санкции“, заклучи Зеленски.
Западот ја обвинува Русија дека ги користи енергенсите како оружје, иако тој самиот настојува да ја намали зависноста од нив, го блокираше рускиот финансиски сектор, ги блокира осигурувањата на транспортите на енергенсите и го санкционира технолошкото одржување на рускиот енергетски сектор.
Гасоводот Северен тек 1 кој Русија ја поврзува со Германија по дното на Блатичкото Море, стратешки е важен за снабдување со гас на Европа која е сѐ уште многу зависна од поевтините руски енергенси.