Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре, четврток, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Бутел, Шуто Оризари и Сарај, а додека пак во петок, без струја ќе бидат дел од општините Студеничани, Бутел, Гази Баба, Карпош, Сарај и Шуто Оризари.
Ова се локациите каде ќе нема струја:
Во четврток:
• од 08:00 до 15:00 часот корисниците од објектите на место викано Пат за Радишани. (општина Бутел)
• од 09:00 до 15:00 часот корисниците од дел од ул. Диме Мечето и ул. Волт Дизни (општина Шуто Оризари), и корисниците од ул. бр. 1, 2, 3, 4 и 5 во с. Грчец (општина Сарај)
Во петок:
• од 07.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. 6 во с.Љубош. ( општина Студеничани)
• од 08:00 до 15:00 часот корисниците од објектите на место викано Пат за Радишани. (општина Бутел)
• од 08:30 до 12:00 часот корисниците од ул. Сречко Пужалка бр. 45, 47, 49 и 51. (општина Гази Баба)
• од 09:00 до 13:00 часот корисниците од ул. Бранислав Нушиќ бр. 7. (општина Карпош)
• од 09:00 до 14:00 часот корисниците од ул. 20 во с.Сарај . (општина Сарај)
• од 09:00 до 13:00 часот корисниците од дел од ул. Прашка. (општина Карпош)
• од 09:00 до 15:00 часот корисниците од дел од ул. Диме Мечето и ул. Волт Дизни (општина Шуто Оризари), и корисниците од ул. бр. 1, 2, 3, 4 и 5 во с. Грчец (општина Сарај)
• од 11:00 до 13:30 часот корисниците од дел ул. Франц Прешерн. (општина Карпош)