
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека на територијата на Република Албанија, денеска избил пожар, во близина на македонската граница. Оттаму додаваат дека пожарот се држи под контрола и сеуште е лоциран на албанска страна. На терен, дирекцијата има ангажирано екипи од НП Галичица и ТППЕ Охрид.
Од Дирекцијата додаваат и дека денеска во 14:15 часот во близина на селото Горно Татеши, Струшко локализиран е пожар на отворен простор кој има зафатено нискостеблеста шума. Во моментов пожарот го гасат четворица пожарникари со едно возило, а од дирекцијата е испратен уште еден тим од осум лица.