17.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

Евакуирани стотици луѓе во источна Германија поради бројните шумски пожари

Околу 700 луѓе беа евакуирани од неколку јужни општини во провинцијата Бранденбург. Причината е шумски пожар, кој веќе се прошири на површина од 850 хектари, соопштија властите на округот Елба-Естер. „Засега не е можно да се предвиди кога пожарот ќе биде ставен под контрола“, се вели во соопштението на локалните власти.

Во гаснењето на пожарот се ангажирани речиси триста и педесет лица. Во напорите за сузбивање се вклучени и воени хеликоптери. Причините за пожарот не се познати.

На југ, во неделата избувна пожар во чешкиот национален парк „Боемска Швајцарија“, по што премина и на територијата на Германија, во провинцијата Саксонија.

„Ги замолуваме жителите, туристите и посетителите да ја избегнуваат областа на Саксонска Швајцарија за да не ја попречуваат работата на спасувачките служби“, соопштија локалните власти. Напорите за сузбивање се отежнати поради тешко-пристапниот терен во оваа ридска област и проблемите со водоснабдувањето.

Германија веќе неколку дена е зафатена од интензивен топлотен бран, а температурите во голем дел од земјата достигнуваат и над 40 степени.