
Само дел од вооружените сили на Русија се вклучени во нејзината специјална воена операција во Украина и бројот на ангажирани војници е доволен за исполнување на задачите поставени од врховниот командант, соопшти во вторникот руското Министерство за одбрана во врска со плановите за одржување на стратешката команда и штабна вежба „Восток 2022“ (Исток 2022).
„Само дел од вооружените сили на Руската Федерација се ангажирани во специјалната воена операција и нејзината големина е сосема доволна за спроведување на сите задачи поставени од врховниот командант“.
Руското Министерство за одбрана објави дека стратешките командни и штабни вежби „Восток 2022“ (Исток 2022) ќе се одржат од 30 август до 5 септември. Во вежбата ќе учествуваат војници од Источниот воен округ.