Со ноќен радар 46 санкции за брзо возење на територија на СВР Тетово

Во текот на изминатата вечер (27/28.07.2022) во периодот од 22.00 до 03.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе засилена акциска контрола на територијата на СВР Тетово за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 46 возачи.

Од нив, 36 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 10 надвор од населено место.