ВИДЕО| Маестро Трпчески со песна ги поздрави Македонците кои се свесни за своите корени

Маестро Симон Трпески е во североамериканска премиера на проектот Македонисимо.

Пред премиерата во Отава тој објави видео со кое, како што рече, ги поздравува сите Македонци кои се свесни за своите корени и имаат достоинство.

-Пред североамериканската премиера на МАКЕДОНИСИМО, поздрав до македонскиот народ и сите Македонци кои се свесни за своите корени и имаат достоинство, со една прекрасна песна која тлее со генерации, напиша Трпески на Фејсбук.