
Во Австрија приведени се три државјани на Турција под сомневање дека работеле за турската разузнавачка служба MIT шпионирајќи го австриските жители од турско потекло, соопшти во четвртокот австриското биро за заштита на државниот поредок и борба против тероризам (DSN).
„При претресот на становите на осомничените пронајдено е поголемо количество носачи на податоци, мобилни телефони, како и гасни пиштоли, а во апсењето учествувале и припадниците на специјалната единица“ Cobra, стои во извештајот на службата.
Во соопштението се наведува дека станува збор за „познат начин“ на собирање податоци за противниците на владата и опозициските активисти кои живеат во странство. Се додава и дека истрагата започнала во февруари годинава.
Во соопштението се наведува дека кај лицата кои биле следени станува збор и за турските државјани и за државјани на Австрија со турско потекло.
Австриските медиуми претходно објавија дека се приведени шпиони кои дејствувале против ткн FETO, движењето на турскиот исламистички проповедник Фетула Ѓулен кои живеат во Австрија и во Анкара испраќале податоци за нивните активности.
Турција ја означи како терористичка организација и ја забрани организацијата на Ѓулен, кој живее во егзил во САД кои одбиваат со години да ѝ го израчат. Анкара го обвинува неговото движење дека формирало ткн држава во држава, почнувајќи од државните институции, медиумите, културата, образованието и безбедносните структури и го обвинува за неуспешниот обид за воен преврат во јули 2016 година.