Цените на нафтата пораснаа во петокот на меѓународните пазари додека вниманието на инвеститорите се пренасочува на состанокот на Организацијата на земјите извозници на нафта (OPEC) и другите големи производител предводени од Русија позната како група OPEC+, со слабите изгледи дека ќе дојде до зголемување на нивната понуда.
Цената на барелот на лондонскиот пазар според договорите за испораките во септември, коишто се истакнуваа во тргувањето денеска, порасна за 2,44 долари на 109,58 долари. Според договорите за испораките во октомври, цената порасна за 2,3 отсто, на 104,13 долари.
На американскиот пазар барелот поскапи за 2,3 отсто, на 98,59 долари. Цените на двата пазара се на пад од втората загуба во месецот, и тоа за 4,6 отсто, односно 6,8 отсто.
Во одвоен извештај OPEC извести во петокот дека барелот од референтната кошница нафта од нејзините членки во четвртокот чинел 110,84 долари, што значи дека поскапел за 2,73 долари во однос на претходниот трговски ден.
Слабиот американски долар и растот на цените на акциите, исто така, во петокот им дадоа поткрепа на цените на нафтата. Падот на доларот, имено, ја прави поевтина за купувачите кои поседуваат други валути.
Светските пазари на акциите, коишто често имаат слична динамика на цените како и нафтените пазари, бележеа раст поради надежите дека монетарното стегање во САД нема да биде толку големо како што првично се очекуваше, по разочарувачките податоци за економското забавување во последните два квартала.
„Се чини дека повторно се вративме во ситуацијата коа расположението се менува меѓу влијанието на рецесиските разлики во втората половина од годината и фундаментално недоволно снабдениот нафтен пазар“, вели за Reuters Стивен Ајнес од компанијата „SPI Asset Management“.
Клучниот придвижувач на пазарот ќе биде состанокот на OPEC+ закажан за 3-ти август. Од извори од оваа групација се дознава дека ќе се разгледува задржувањето на производството на нафтата во септември на непроменето ниво, додека друга два извора велат дека ќе се разговара за скромно зголемување.
Одлуката да не се зголеми производството бездруго ќе ги разочара САД, откако американскиот претседател Џо Бајден претходно во јули ја посети Саудиска Арабија надевајќи се дека ќе постигне договор за ослободување на дополнителни барели на пазарот. Аналитичарите, меѓутоа, сметаат дека OPEC+ тешко ќе ја заголеми испораката на пазарите, имајќи предвид дека многу членки веќе имаат тешкотии да ги исполнат производствените квоти.