
Изјавите од американскиот Стејт департмент ни овозможува да извлечеме исцрпен заклучок за степенот на самостојност на Киев во носењето одлуки, изјави во петокот рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Ова всушност беше дел од одговорот на шефот на руската дипломатија на прес-конференцијата во узбекистанската престолнина Ташкент одговарајќи на новинарско прашање дали Украина ќе биде една од темите во најавениот телефонски разговор меѓу Лавров и американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
„Што се однесува до Украина и сето друго, го слушнав Тони Блинкен кога рече дека нема да разговара со мене за Украина, бидејќи Украина треба да ги застапува сопствените интереси, дела Американците немаат право да работат“ за Украина, го цитира Лавров агенцијата РИА.
Меѓутоа, додал првиот руски дипломат, тоа не одговара на изјавите кои целиот овој период доаѓаат од американскиот Стејт департмент.
„Но дозволете ми да ве потсетам дека кога пред околу една седмица во интервју реков дека Русија нема предрасуди против преговорите со Украина, веднаш портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, рече дека САД веруваат дека во моментов Украина нема да преговара со Русија. Па, според Фројд, јасно е кој раководи и колку Американците не ја тераат Украина да го прави или не тоа“, истакнал Лавров.
Претходно во петокот Лавров потврди дека Москва наскоро ќе го понуди терминот за неговито телефонски разговор кој во средата го најави неговиот американски колега Блинкен. На дневен ред ќе биде прашањето за исполнување на ткн „договор за храната“ што на 22-ри јули во Истанбул го потпишаа Русија и Украина под покровителство на Турција и ОН за извозот на украинските житарки од црноморските пристаништа.
Лавров потврди и дека, иако дипломатијата не е задолжена за тоа прашање според ланскиот Женевски американско-руски самит, со Блинкен ќе разговара и за размена на затвореници.