Шпанија го поддржува пристапувањето на Србија во Европската унија, а во погледот на нејзината самопрогласената нејзина поранешна јужна покраина Косово и Метохија верува во почитувањето на меѓународното право и територијалниот интегритет и суверенитет на Србија, изјави во петокот вечерта во Белград, шпанскиот премиер Педро Санчез.
„Србија во Шпанија има пријател кој ќе ѝ помогне да стане дел од Европската унија“, изјави Санчез по разговорите со српскиот претседател Александар Вучиќ.
Санчез во Белград ја започна балканската турнеја и е првиот премиер на Шпанија кој ќе ги посети покрај Србија и Македонија, Црна Гора, Албанија и Босна Херцеговина во која од 1997 до 1999 година беше шеф на кабинетот на високиот претставник на ОН, сонародникот Карлос Вестендорп.
„Го поддржуваме процесот на проширување на ЕУ, бидејќи западен Балкан е дел од Европа и треба да стане дел од нашата заедница. Не се сомневајте дека Шпанија ќе дава поддршка на вашето членство во Унијата“, додаде Санчез на заедничката прес-конференција со Вучиќ.
Истакна дека Србија и Шпанија ги поврзува „потребата да се почитува меѓународното право и територијалниот интегритет и суверенитетот“.
„Ние ја поддржуваме Србија кога станува збор за Косово. Шпанија беше и секогаш ќе биде покрај Србија во одбрана на тие принципи“, истакна Санчез./
Шпанија е една од петте земји членки на ЕУ кои не ја признаваат независноста на Косово која во 2008 година еднострано ја прогласија албанските власти во Приштина, а беше поддржано од САД и нивните главни сојузници во НАТО и ЕУ. Мадрид и самиот е соочен со настојувањата за самостојност на своите покраини Каталонија и Баскија.
Шпанија од 30-ти јули 2023 година го презема шестмесечното претседавање со ЕУ, а според кабинетот на Санчез тој во текот на турнејата од земјите на западен Балкан ќе бара да ги спроведат реформите кои ги бара Брисел.
Санчез по дводневната посета на Србија, ќе отпатува во Босна и Херцеговина.