Кунде потпиша за Барселона

Францускиот бек Жил Оливие Кунде го напушти тимот на Севилја но остана во шпанската Примера и кариерата ќе ја продолжи во редовите на Барселона, соопшти каталонскиот клуб.

Дваесет итригодишниот Кунде потпиша петгодишен договор со клубот од „Камп Ноу“, а интересно е што Барселона во договорот вметнала откупна клаузула од дури 840 милиони евра.

Голем интерес за францускиот фудбалер покажа и Челзи, но лондонскиот премиерлигаш се повлече што го искористија Каталонците.

Кунде кариерата ја започна во Бордо, а од 2019 година настапуваше за Севилја. За француската селекција досега випа 11 настапи.

Кунде е петтото засилување на Барселона за новата сезона. Пред него на „Камп Ноу“ дојдоа Роберт Левандовски, Рафиња, Франк Кеси и Андреас Кристенсен.