Ливерпул го освои првиот трофеј сезонава

Фудбалерите на Ливерпул го освоија својот прв трофеј во новата сезона совладувајќи го на стадионот „Кинг Пауер“ во Лестер, Манчестер Сити со 3:1 во јубилејното 100-то издание на Комјунити Шилд, англискиот суперкуп, односно соочувањето меѓу победникот во Премиер лигата и освојувачот на ФА Купот/

Трент Александер-Арнолд во 21 минута го доведе Ливерпул во водство со одличен удар од 20-ина метри, па тимот на Јирген Клоп на одмор замина со предност иако Сити имаше две одлични шанси за израмнување преку норвешкото засилување Ерлинг Халанд.

Манчестерските „Граѓани“ успеаја да израмнат во 70 минута, кога ударот на Фил Фоден го одби голманот Адријан но аргентискиот резервист Хулиан Алварез беше најбрз и го постигна својот прв погодок за новиот клуб.

Судијата Крег Пејвсон во 83 минута досуди пенал за Ливерпул откако бекот на Сити, Рубен Дијаз играше со рака во својот шеснаесетник, а Мохамед Салах сигурно ја изведе најстрогата казна. Конечните 3:1 ги постави засилувањето на „Црвените“, Дарвин Нуњез, погодувајќи со глава во четвртата минута од судиското продолжение.

Следниот викенд започнува новата сезона во Премиер лигата. Ливерпул ја започнува со гостувањето кај Фулам, а Сити одбраната на титулата ќе ја започне против Вест Хем, исто така, на гости.