Најмалку 61 жртва и над 30 исчезнати во поплавите во Иран

Најмалку 61 лице го загубило животот а уште повеќе од 30 други се водат како исчезнати во текот на изминатата седмица како резултат на големите поплави кои го погодија Иран, информираше во саботата шефот на одделот за итни операции на иранската Црвена полумесечина, Мехди Валипур.

Иран е главно сушна земја а во изминатите десет години сушите во повеќе наврати беа особени изразени. Но земјата страдаше и од чести поплави по обилните врнежи.

„По откривањето на уште неколку тела во неодамнешните случувања, бројот на жртвите од поплавите во земјата од почетокот на месецот мордад (според иранскиот календар започна на 23-ти јули), бројот на жртвите достигна 61… во моментов има 31 исчезнати лица на целата територија на земјата“, го цитира Валпур новинската агенција ISNA.

Поплавите по обилните врнежи погодија 18 од 31 провинција на Иран, а најпогодени се Бахтијарија, Исфахан, Јазд, Лорестан, Мазандеран, Техеран, Чехармехал, Алборз и Маркази. Метеоролозите апелираат до населението до понеделник да се воздржат од посета на планините каде има големи водени порои и да ги избегнуваат бреговите на надојдените реки.

Од последиците на претходното силно невреме коешто минатата седмица ја зафати јужната покраина Фарси, особено подложна на поплави, смртно настрада 22 лица. Во 2019 година обилните врнежи во јужен Иран однесоа 75 животи и предизвикаа штети кои беа проценети на повеќе од две милијарди американски долари.