ВИДЕО| Бројот на загинатите во поплавите во Кентаки се искачи на 25

Бројот на загинатите во катастрофалните поплави во американската сојузна држава Кентаки се зголеми на 25 а би можел да биде и поголем, изјави во саботата гувернерот Енди Бешир.

„Имаме потврдени 25 загинати. Билансот ќе продолжи да расте. Верувам, за жал, дека уште со седмици ќе пронаоѓаме тела“, изјави Бешир на прес-конференција.

Силните дождови го погодија на оваа рурална американска сојузна држава ноќта кон четвртокот, го претворија сообраќајниците во реки. Многу од жителите спасот го побараа на покривите од своите домови.

Гувернерот Бешир изјави дека во поплавите смртно настрадале четири деца, коригирајќи ги претходните информации за шест загинати деца.

Трагедијата е што станува збор за четири братчиња и сестрички на возраст од една до осум години. Го однел поројот кога се качиле на врв од дрво со родителите, според локалниот весник Lexington Herald Leader.

Потопен е поголемиот дел од Џексон, гратче со околу 2.200 жители околу 160 километри југоисточно од главниот град Франкфорт.

„Сторици домови, игралишта, паркови, компании, се под повеќе вода од што мислам дека некој од нас некогаш видел во ова подрачје“, изјави гувернерот Бешир.

Поплавите се втората голема природна катастрофа којашто го погоди Кентаки последните седум месеци, по низата торнада кои во декември однесоа речиси 80 човечки животни во западниот дел од оваа американската сојузна држава.