
Американскиот претседател Џо Бајден повторно во саботата бил позитивен на Covid-19 и ќе ги откаже двете однапред планирани патувања, но нема симптоми и се чувствува „сосема добро“, објави Белата куќа.
„Претседателот ќе биде изолиран во Белата куќа додека не добие позитивен резултат на тестот. Претседателот нема да оди на планираните патувања во Вилмингтон, во сојузната држава Делавер и во државата Мичиген“, соопшти претседателската администрација.
Самиот Бајден, кој беше позитивен на коронавирусот пред девет дена, на Twitter објави дека тоа може да им се случи на „мало малцинство луѓе“. Тоа го потврди и неговиот личен лекар Кевин О’Конор.
„Немам никакви симптоми, но ќе се изолирам поради безбедноста сите луѓе во моето опкружување. Сѐ уште работам, но наскоро ќе продолжам да патувам“, порача Бајден.
Бајден, кој во ноември ќе наполни 80 години, имаше блага форма на Covid-19 и можеше да работи во самоизолација, а неговиот лекар тоа го образложува со примањето и на дополнителната „бустер“ доза од вакцината и со примањето на соодветна терапија.
О’Конор рече и дека Бајден бил негативен последните четири дена, како и дека не планира повторно да го стави на терапиа бидејќи нема симптоми.
Претходно беше известено дека Бајден редовно ќе биде тестиран за случај заразата да се поврати, што може да се случи кај некои пациенти кои се лекувале со „Paxlovid“, лекот кој го земаше и американскиот претседате.