ВИДЕО| Путин порача дека руската морнарица наскоро ќе ги добие хиперсоничните ракети

Рускиот претседател Владимир Путин во неделата потврди дека руската воена морнарица во следните неколку месеци ќе ги добие хиперсоничните ракети „Циркон“, како и дека нивното позиционирање ќе зависат од руските одбранбени интереси.

Во обраќањето по повод Денот на руската морнарица во ткн северната, односно 326-годишнината, поранешна царска руска престолнина, и негови роден град Санкт Петербург, Путин се осврна на царот Петар Велики кој го основал градот и е основоположник на руската поморска воена и трговска флота.

Рускиот претседател во говорот рече дека ја потпишал новата доктрина на морнарицата, чиишто поединости сѐ уште не е се објавени но според некои воени аналитичари се темели на нова генерација нуклеарни подморници и други пловила опремени со хиперсонични проектили со долг дострел.

Путин новиот модел надзвучни ракети „Циркон“ ја опиша како дел од новата генерација вооружување кој засега нема соодветен пандан во светот.

„Опремувањето на руските вооружени сили со овие ракети ќе започне во следните месеци.. Фрегатата Адмирал Горшков ќе биде првата која ќе оди на борбени задачи со ова застрашувачко оружје… Клучна е способноста на руската морнарица. Таа може со секавична брзина да им одговори на сите оние коишто ќе се решат да ги загрозат нашите суверенитет и слобода“, порача Путин.

Хиперсоничните ракети можат да летаат девет пати побрзо од брзината на звукот, а Русија засега предничи во светот со ваквото вооружување.

Русија кон крајот на мај годинава го изведе новото успешно пробно лансирање на хиперсоничната крстосувачка ракета „Циркон“. Ракетата била истрелана од фрегата од акваториумот на Баренцовото Море и ја погодила целта на морска позиција на повеќе од илјада километри оддалеченост во Белото Море.

„Циркон“ е првата хиперсонична крстосувачка ракета во светот, која е способна да изведе долг аеродинамичен лет со маневрирање во густите слоеви на атмосферата, користејќи сопствен погон по целата рута. Максималната брзина достигнува околу девет пати повеќе од брзината на звукот (околу 2,65 километри во секунда на височина од 20 километри, или повеќе од 10.000 километри на час). Максималната дострел изнесува илјада километри, според објавата на руското министерство за надворешни работи.

Русија минатата 2021 година веќе изведе пробни лансирања на „Циркон“ од воени бродови и подморници, а во април годинава пробно лансираше нова интерконтинентална ракета „Сармат 2“, способна за брз нуклеарен напад.