
Времето во понеделникот во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено силен ветер, до 60 километри на час, од северозападен правец. УВ индексот ќе изнесува 8.
Утринските температури се движат во интервалот од 10 до 21, а максималните дневни ќе достигнат од 27 до 35 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 Целзиусови степен.
Во наредниот период следува стабилно време. До вторник ќе дува умерен до силен северен ветер (до 60 километри на час) кој ќе биде најизразен вдолж Повардарието и во источните делови. Дневните температури од дененска ќе бидат во постепен пораст.