На преминот Мердаре се отстранети барикадите

По одлуката на властите во Приштина да го продолжат за еден месец издавањето документи за влез-излез за сите граѓани на Србија кои влегуваат во Косово, на барање на американската амбасада, отстранети се барикадите кои беа поставени на преминот Мердаре каде од утрово сообраќајот се одвива нормално, пренесе Бета.

Како што јави РТС, на преминот Мердаре, каде синоќа беше формирана колона од пет до шест километри, од утрово нема метеж, а чекањето за влез во Косово е 10 минути.