Украина доби серија од уште четири високомобилни артилериски ракетни системи HIMARS од американско производство, изјави денеска украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников.
„Благодарен сум на американскиот претседател Џозеф Бајден, на секретарот за одбрана Лојд Остин и на американските граѓани за зајакнувањето на украинската армија, напиша министерот Резников на Twitter, пренесе Reuters.
Ракетните системи HIMARS имаат поголем дострел и се попрецизни од украинската артилерија од времето на Советскиот сојуз, што им овозможува на украинските сили да се вклучат во руски цели кои претходно биле недостапни.