Времето во вторникот во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. УВ индексот ќе изнесува 8.
Утринските температури се движат во интервалот од 10 до 21, а максималните дневни ќе достигнат од 27 до 36 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 Целзиусови степен.
Во наредниот период следува стабилно време. Дневните температури од дененска ќе бидат во постепен пораст.