Сончево со умерена облачност, температурите постепено ќе растат

Во средата времето во Македонија и натаму ќе биде ставилно со постепен раст на температурите.

Денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во северозападните и североисточните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд. УВ индексот ќе има вредност 8.

Утринските температури се движат во интервалот од 10 до 20, а максималните дневни ќе достигнат од 27 до 37 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 Целзиусови степен.