Оние што денеска останаа во Скопје и не го искористија времето да појдат на планина, веројатно ќе се каат што не се качија барем до Водно. На само пет минути возење од центарот до горе, временските прилики се сосема поразлични.
Сончево и пријатно, граѓаните кои се качија до горе уживаа во убавото време и почистиот воздух. Одозгора впрочем и најдобро се гледа колку магла го покрила Скопје, и се добива впечаток дека градот е под густи области.
Затоа секое слободно време кое го имате искористете го да појдете на повисоко бидејќи од таму, полесно се дише.