39-годишник од Никуштак е пронајден застрелан во возило кај Радуша

Едно лице без знаци на живот, со прострелни рани, било пронајдено вчера во раните утрински часови во возило од типот „рено меган“ со регистарски таблички на раскрсницата меѓу скопските села Радуше и Свиларе.

Како што соопшти МВР, лицето го пронашле полициски службеници од Сарај.

По преземени мерки било констатирано дека се работи за 39-годишен маж од село Никуштак, општина Липково со иницијали А.А.

„По наредба на Јавен обвинител мртвото тело е предадено на обдукција“, соопштуваат од МВР и додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.