![noz](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/05/noz.jpg?resize=696%2C387&ssl=1)
Американски државјанин со потекло од Струга бил избоден во затворот „Идризово“ во Скопје, дознава „Скопје1.мк“. Според информациите, станува збор за 36-годишно лице кое издржувало казна поради пресуда за недозволена трговија со дрога.
Тој, бил прободен од друг затвореник, а во болница завршил со две рани. Затвореникот се бори за живот во комплексот клиники во Скопје.