
Македонската машка кошаркарска репрезентација со настап на гостински терен во Данска, на 25 август, ќе го започне настапот во претквалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2025 година.
Црвено-жолтите ќе играат во градот Нествед, кој е оддалечен околу 70 км од главниот град на Данска, Копенхаген. Капацитетот на салата е 3.000 седишта и се очекува да биде целосно исполнета.
Судиската правда на овој меч им е доделена на Танел Суслов (Естонија), Чан Мавису (Турција) и Франциско Арања (Шпанија), а во улога на делегат ќе биде Александер Фасен од Холандија.
Три дена подоцна, односно на 28 август, во Скопје, Македонија ќе игра со Словачка, а судии на мечот ќе бидат Чиприан Стоика (Романија), Озлем Јалман (Турција) и Александр Деман (Франција), додека делегат ќе Албанецот Ставри Бело.
Во групата со Македонија, покрај Данска и Словачка, е и селекцијата на Норвешка. Четирите селекции се во групата Д од претквалификациите, а само првопласираната ќе игра во квалификациите за ЕП во 2025 година.