Џеј Ло го осигурила задникот на 27 милиони долари, вреди ли навистина толку?
Славната Џенифер Лопез со децении важи за една од најголемите светски ѕвезди, но и за најубава жена.
Жешката латиноамериканка сега предизвика лавина од коментари во јавноста по информацијата дека го осигурала својот задник на неверојатни 27 милиони долари.
Нејзините фанови сега се прашуваат вреди ли навистина толку многу секси задникот на нивната Џеј Ло?!
Заштитен знак на 53 годишната Лопез секако се извајаните стомачни мускули, затегнати нозе и совршено обликуван задник, па таа гордо ги истакнува своите облини во секоја прилика. А како да не кога има задник од 27 милиони!!
Сепак, во текот на изминатите години папараците успеаја да ни покажат дека латино дивата во реалноста изгледа поинаку од онаа на која сме навикнати на социјалните мрежи, иако употребата на фотошоп не се забележува на ниту една фотографија, а таа често објавува слики без шминка.
Сепак без разлика на се Џеј Ло и понатаму изгледа совршено за нејзините 53 години, што е резултат на напорните тренинзи кои никогаш не ги пропушта.
Инаку неодамна Јенифер Лопез се омажи за холивудскиот заводник, актерот Бен Афлек, а нивната љубовна приказна е навистина филмска.